Газејќи по камењата
што наликуваа на монистри

Се искачивме на островот
што го бевме напуштиле
пред стотици години

Со изгубените погледи, со тешкотии го пронајдовме
Театорот што го познававме

Во оркестарот
сите сме се претвориле во штурци

Сега сме искривени дрва на камењата што некогаш седевме.