(од циклусот)
Месечината е ранета. Рибата е изненадена.
Несреќи се случуваат секој ден, но рибата не верува дека може да направи грешка.

Месечината е мртва. Умре заради Сонцето, со голема експлозија,
страшен тресок и на земјата падна парче.

Никој ниту виде, ниту слушна. Дури вечерта
Кога луѓето станаа од спиење, излегоа надвор и открија

Месечината ја нема, а на земјата има само крлушки од риба.
Времето повторно од нулта година почна. Земјата цела облечена во светло

полека се врти, налик на десното око на риба. Сонцето секој ден ја одразува
светлината на земјата, налик на левото око на риба. Светот веќе не си игра

А го брка Б, Б го брка В, љубовниот триаголник меѓу Месечината, Земјата и Сонцето,
Луѓето застануваат на распарчената Месечина (Сонцето), исполнувајќи еден цел ден.

Само рибата со скршено срце жали, плаче на едно око –
Луѓето мислат дека е нова Месечина.

Но копнеењето на рибата кое виси во воздухот,
непрестајно правец менува, веќе не претставува смртна опасност за Земјата,

затоа луѓето почнуваат наутро да стануваат, навечер да спијат,
и ги воспеваат сончевите зраци кои изгреваат од внатрешноста на Сонцето.

Превод од кинески јазик Елена Дамјаноска