имам ’рбет – кога сум во непозната околина јас сум стоик

имам ’рбет – кога сум голтнал змија

имам ’рбет – кога лежам врз линијата патот што го дели

имам ’рбет – кога презимувам на дрво облечен во капутот на татко ми

имам ’рбет – кога се крепам врз граничниот маркер на вечностa

со лицето навртено кон вимето на сонцето

имам ’рбет – кога босоног чекорам низ болничкото крило

имам ’рбет – кога шаманот со него пука кон верверичката

имам ’рбет – кога го прегрнувам столбот без распоред на трамвајската станица

имам ’рбет – кога на полноќ си ја жртвувам потта на Тлазолтеотл*

мојот ’рбет – е скала што води до мравјалничката кула

мојот ’рбет – е влакно скршено со нокт

мојот ’рбет – е Англискиот канал од катастрофи кој обединува татко и мајка

мојот ’рбет – е дробилица за карпи

која фоките ја носат подалеку од брегот

мојот ’рбет – е капсула со отровен гас голтната од морето

проста закачалка за клучевите од мртовечницата на самотијата

мојот ’рбет – е столб од сулфур сулфат во бездната на океанот

околу кој танцуваат пијани мекотели под светлоста на лавата

мојот ’рбет – е во тревата на детството навадена со измет

кога со брат ми фатен за реверот

ги протресивме светлата сред августовскиот самрак

ги закопавме

успешни бевме јас не бев виден

така се случи

 

Превод: Горјан Костоски