Немирни гласови откриваа денови поплочени
со желби. Чекори, сè уште чекори а потоа молчења
предадени на светлината, и урнатини. Набргу,
летото носеше тага и неизмерна среќа,
но сексот далеку ја гонеше смртта
а вината стануваше сè поиндиферентна
и неопиплива. Погледни, велев, како бранот
ја соборува сенката на гондолиерите исправени
пред сонцето. Погледни, велеше, како сонцето,
меѓу моите нозе, станува светлина. И очите,
брегови без пристан на спомени, обновени,
бродоломци, ранети од песокливата вода на Лидо.