Девојка исчезнува во подземниот премин,

за да избега од мажот кој се дере на неа.

Кога ќе заврши мојот овоземен живот, мисли,

ќе отпатувам во Италија и по цел ден

ќе се карам преку балконот со сосетките, но засега

морам поситно да мислам, морам да мислам: Александрија,

светло натопенето со лимонска есенција.

Еднаш го кажав ова гласно во автобус.

Дали таму имаат толку голем ковчег, за да смести

автобус и останатите грчки лакримариуми? И убаво

мирисаше глогот. Колку ситно треба да ме издробиш,

за да ја добиеш бојата која си ја замисли?

 

Превод: Ѕвонко Димоски