Кога започнуваа да градат држава
некои од мажите дојдоа да се скријат во една куќа
каде имаше фамилија, и детенце горе на спратот,
заслушано. Му кажаа што да рече ако некој

нешто праша. Да рече дека никогаш не биле тука.
Да рече дека имало само фамилија во куќата.
И ноќта, детенцето влезе во собата
када што беа скриени торбите и своината.

Ги опипуваше платната, мувлосаната влага
и свиснатоста на каишите. Прстите му допираа
хартии и монети, и го зграпчија револверот,
неговата ладност и тежината во неговите раце.

Потоа не чувствуваше ништо. Кроце му ползеше
крвта темна по патосот, под нив,
и собата се стресе, и се смири,
и ко да висеше за еден момент во ноќта.

Кога го најдоа го исчистија,
и лицето, нежно и брзо, и мајка му
го замота во ќебенце и го однесе
на ќошот од нивата и го закопа.

Во куќата му ги собраа работите,
и пак запалија оган во кујната,
алиштата му ги изгореа, чевлите, сите знаци
и ситни ствари, тромави остатоци од едно дете.

А потоа, во мракот мразен, таткото
отиде да ги најде докторот и парохот
да им каже што се случило, и што
да кажат ако некој нешто ги праша.

Да кажат дека никогаш немало детенце.
Да речат дека никогаш не биле тука.
Никогаш немало дом или пронајдените,
лесни мерки на една фамилија.

Никогаш и немало мапа која води до
или надвор од тоа место, со предзнаење или замисла,
каде жолтевката, длабоко-корената глушина, се превртуваат
и превртуваат со старата земја и исчезнуваат.

 

Превод: Горјан Костоски