Внимателно си ги бирам камењата,
Раштркани се ко зборови по бела полјана;
Си ја црпам синтаксата од речникот на облаците –
Патот до мудроста е тежок, богат и прозаичен.
Си ја имам носталгијата, нежната исклучителна болка
Која теши и пара; и можам да сонам за
Сјајниот град кој води нагоре кон хоризонтот
Над земјата каде се тркалаат камења.
Некоја ноќ наскоро, дури ме опива месечевиот срп,
Ќе се слизнам незабележително над работ на полјаната
Кон долината горе, зашто ја знам
Песната на ужасната благородност која ме вика.
Ама, облаците се повлекуваат; исклучителна болка
Ме моли да останам. Како да си одам?

Превод: Елида Бахтијароска