Ја гледам собата –
истата
истата маса
вазната
ламбата ноќен глобус
со матен отсјај
ја гледам
библиотеката
со книгите недопрени
со книгите недочитани
со книгите посакувани
во белиот самрак на кујната
се уште ечи твоето смеење
а над постелата празна
сенка врз ѕидот
како во кинеска драма
сенката ми е подrрбавена
твојата сенка ја нема
Превод: Никола Кукунеш