(одломка)

1.
нема со што да се гордеам, бенка на туѓо
рамење, надрамење или некаде подолу
смешно потрепереува, авторот ја притиска
надахнато, не може да доѕвони
до бројот, што набрзина му го даде
симпатичната минувачка, придружено со
наметливи цмокања од анонимката, дланката
се стегна како било, црвот е заморен

2.
во полумракот налактен на нечие
рамење да видиш бенка на вратот
што потреперува, бемката не дава
да се сосредоточиш, мислите за душевна
блискост да ги средиш, со извик о-па-на
се фрла во преграб, динстано, палачинка
како во грло да ти паѓа, тоа е зајре
ту готовина, се оттргнуваш нормално

3.
сето ова е прочитано меѓу зборовите
што пливнува од сопствените спомени
за неодобреното, а кажаното потресува
така што се струполува емоционалната
заднина, содржината на шеќер е огромна
во погледот, насочен кон половината
со низа од бенки, легнат како штица
по навика оздола, вијугите се напрегнуваат

<…>

7.
јазикот на општење е лабав и ровит
бенката се помрднува, изждриг
по јадење лоша храна, со старателство
благотворот ќе доведе до колитис, девата
стои подлактена или на колена, од страста
подвиткала опашка, во одразот не се
препознава ни себеси, ни прегрнатите,
вие болка во вилцата

8.
потскоци крај киоскот, ненадејно озарение
се вглавува, вечерни игранки
во селската крчмичка, предоцна
за организирање протест, решото на гас
изригува бурен пламен, бенката на свежата
кожа се помрднува во такт со движењето
на целото тело, да се расчекориш и
да ги спалиш сите мостови, главниот
влез е лошо проветрен

 

11.
кафеникавата бенка на обвиснатата
половина, кобно се вткала
во редица битови настани, предлогот
има советодавен карактер избувлив,
протегнати се рацете долж облеката
во насока кон подадената суштина
на тековните настани, ѕвонливото
гласче при поглед се сепнува

Превод од руски јазик Чедо Цветановски