Превиткувам една лошо напишана песна
со моите несмасни момчешки прсти
правам авионче
и ro фрлам низ прозорецот
живеам толку високо
и толку далеку
што не можам да видам
каде лета
добро напишаните песни
таа среќа ја немаат.
Превод: Никола Ѓелuнчески