Не мора ни да ни тpoпнe на врата –
веќе му ја чувствуваме присутносrа околу куќа
кога си ја чеша четината од ќошињата
или ни дува ледено низ процепи невидливи
право во вратот или низ облеката до цшIИте.
Здивот наш внатре ни се мрзне на прозорците
а од неговото топло дшuење надвор се топат
и капат мразните цутови низ стаклата
или тоа лигитe му течат од алчните рилки
на усвитениот му ламтеж со кој не гледа
преколени и уште живи одрани како му чадиме
и видот нему, кутриот, му гo замаrлуваме …
Зар да гo пуштиме да влезе за ние да излеземе
од под земја како полжави, голи или сосе корупка,
или да му ја спраштиме со душата низ баџа
како штркови задоцнето преселни:
тој да ни се раскомоти во домот
со гладот во утробата и омразот во градите
а ние да припкаме по назабените плочници
од неговата ебана волко·јабана?