По сите овие времиња
И фрлени години,
Еве ме, те чекам бабо,
Ја чекам оваа нежна казна
Посилна од бодежот на бурата.
Ете, си го симнувам лицето и брзо вртам на ќошето,
Со главата меѓу оцрнетите дланки
И алиштата ветви и студени.
Таа ќе дојде сега
Таа ќе дојде набрзо,
Но месечината…
Таа гнила овошка
висната во ноќта
темнее во моето палто.
Еве ме во прастариот портик
Дланките ми се склопени
Стапалата ја метат празнотијата
Беден ученик
Кој старее секој пат кога ќе згазне на прагот.
О, бабо
По сите овие времиња
И фрлени години,
Каде ли да ја најдам низата приказни која се истураше
во мигот на твојата среќа?
Како ли да замириса утрото
на тазе лепче?
Како ли да се издржат безбројните списоци
Од совети потешки од мојата школска чанта?
О, добродушна бабо
Срцето е спица под кошула                                                                                                                                                               Но како е спица
кога допрва треба да ја стигне седмата година?
Лагите се мудроста на младите
Што ли да ти кажам
За да сфатиш какво дете сум била?

 

Превод: Никола Ѓелинчески