Не е лесно да се чека
Глава по мерка
Да висиш од раѓање
Во излогот од старата продавница
Чиј сопственик одамна
Лежи под земја
Есхатолошки гологлав
Уште потешко е
Да бидеш ѕвоно од филц
Над поприштето на мислите
Ладни како прстите на касиерка
Што брои ситнеж
Ако некој застане
Пред валканиот прозорец
Тоа е само за да го наслушне
Момчето со хармониката
И да спушти паричка
Во шеширот што се проѕева
Свртен кон небото

Превод од српски јазик Никола Кукунеш