Што да правиме со жената која одненадеж
ги рашири рацете. Сакаше да ме гушне
или покажуваше две насоки_

Што да правиме со писателот чиишто
книги не се издадени, зашто ако не падне
плодот, нема ни да згние’_

Што да правиме со човекот на мостот. Тој
зјапа во далечината и вели ,сакам
да зборувам за тоа’_

Што да правиме со човекот што се обеси
со вратоврската. Отмено и префинето. Со почит
за смртта_

Со силуваната девојка и луѓето што
за неа велат ,па не е баш нешто убава’_

Со жената што ги покажува своите
масни наслаги и вели ,ова е моето гето’_

Со гламносаниот мопед и ненаспаното
дете што одеднаш се најде во дневната_

Што да правиме со тестисите на мачорот
кој сега е видно посмирен_

Што да правиме со оние што немаат што да кажат
ама сепак се на забавата_

Што да правиме со цицалчето на коешто му е мачно.
Ама навистина многу му е мачно_

Што да правиме со жената која одненадеж
се најде зад мене и вели ,ме знаеш однекаде
и можеш да бираш од каде‘_

 
Превод од холански јазик Зоран Радически