Навистина, љубовта е мистерија,

како и сите нешта во движење.

За чекор побрза од отчукувањето на срцето

и често далеку од дофатот, далеку од видот,

иако пулсира однатре.

 

Може да се прошири или да згасне, воздушна

или тешка како котва на дното од морето,

и бега на спознанието, и лесно заталкува.

 

Светилниците – иако автомати денес

кои можат да нѐ наведат на погрешна трага

добредојдени се на патот како ориентири

или барем на сеќавање на љубовта, на невидливата точка

преку која се вкрстуваат сите линии

на нашите животи.

 

Превод: Никола Кукунеш