Љубовта не е чувство целосно и едно.
Таа е енергија, радост, занес чист и моќен.
Моралот во неа не може да биде предност.
Таа престојува во тебе и дене и ноќе.

Скини ја, во природата цветна, со еден потег нежен.
Вдиши го длабоко вкусот нејзин сласен.
Ќе ја претчувствуваш силината на огнот што жеже,
што замира и кој, полека, пак расне.

Превод од француски: Влада Урошевиќ