Јас доаѓам кај вас да ви кажам, вам,
млади на денешнината и на утрешнината,
каква боја има исушенава роза што дволично
ви ја подаваат во овоземниот живот
и која што, како секогаш, трепери од љубови и омрази
пред вашите изморени очи
пред вашите изморени раце
пред вашите изморени срца
исполнети со разиграни бранови или огнови
Јас доаѓам денеска кај вас
да ви кажам, вам, млади од вековите што доаѓаат,
и кои можеби ќе бидат без Мир без Среќа
или без Иднина, какви крикови се раѓаат
од длабочината на единствената воздишка.