Внатре во куќата како во внатрешност на солза
мајката седи на столица, слепа, свртена кон девојчето.
Бабата се испружила на подот,
Устата и се отвара и затвора како уста на риба.
Надвор, копаат ровови, 1948 е.
Оние позади куќата може засекогаш да ги снема.
Девојчето праша да оди надвор да игра.
Мајката и бабата климнаа со одобрување
без размислување дека девојчето може да биде проголтано од дупката.
Девојчето не знае кој плаче посилно.
За момент бабата ќе падне
под темнината на столицата.
Цвеќиња, убави цвеќиња! Извикува човекот со рачна количка на улицата.
Викањето го смалува плачењето, девојчето гледа,
како тунел се отвора во собата
како раздвојувањето на морето за нејзините предци.
Ако не ми купиш гладиола, ќе стојам позади заклучената врата
и ќе вриштам. Девојчето се исправи. Што сака таа, меч?
Во тој момент, таа го уби времето.
Бабата и мајката седеа како статуи