црта небо
и небото станува облаци
и облаците стануваат дожд
црта почва
и почвата има корења
и корењата стануваат дрвја
црта грмотевица
и грмотевицата станува оган
и огнот се шири со ветрот
црта
изгорен крајолик
и рацете й поцрнуваат

Превод: Горјан Костовски