Постојано момчето застануваше пред куќата
и брзо бегаше – постојано, момчето.
Ќе израсне, ќе вреви и ќе се смири,
ќе патува, љуби, ќе вкуси парченце среќа,

ќе опстои, ќе остари, самиот ќе има деца;
ќе се расфрла; и ќе гладува во годините на немаштија;
и ќе живее; и ѕверејќи се во длабочините на ноќта
се уште ќе се надева, сега веќе дедо, да одлета кон ѕвездите

со крилјата на слободата; и да остане таму;
потонат во мисла ќе биде тивок во снегот; исправен пред себеси;
си додава време и се потпира на безначајноста;
беззаб; секогаш, никогаш и вечерва

тука подалеку од сите замислени далечини,
и како безживотна глина ќе лежи глув врз одарот
– ходникот ќе мириса на мрачни цвеќиња -;
А момчето засекогаш ќе остане пред куќата.