Црно млеко на зората пиеме доаѓa вечерта
го пиеме доаѓа пладне доаѓа утро го пиеме
гo пиеме и пиеме

Пол Селаи, Фуiа на смртта
Онаму каде што и ти ќе дојдеш воздивнувајќи во ендеците, дури и ако твојот
глас е прегладнет и ако ти ги видам очите в зори, изгубени по полињата, на
стравотни места
– ќе се вратам – „Јас ќе се вратам и по брановите на пладнето, заедно со
контурите на црешата, ако те видам, Маргарет – јас” потемнет – „потемнет
како косата на темните виолини што ме потемнуваат, како
што ме потемнува ветрот во студените шуми каде умираме, сокаците го
потемнуваат
црното млеко што го пиеме и пијалакот потемнува.
Од каде ќе се појавиш и m со возвишениот раскош на несреќата, дури и ако m
се згрутчува крвта и ако навечер, во волшебниот час, можам да те видам како
ги читаш песните на Галиција -ќе се вратам – „Јас
дури и во возовите кои копаат тунел низ воздухот, ако те видам, Суламит -јас
„потемнувам – „и потемнувам како вечерта што ме потемнува во ситните
часови, како
брчките што потемнуваат на лицата, песните потемнуваат
како што потемнува црното млеко што го пиеме и пиеме.
Превод: Надица Николоска