Болка в гради
не се трпи,
Цел ден дожд
никако да се исцрпи.
По цел ден
истура, лие
честопати попусто трагаме
велат тие.
„Да одиме, да тргнеме
до портата сега.
Август, елегантен и дарежлив
доцни, не е шега
Сребрено исцртан, тополински снег,
Летни искри во голема мера
тополински шепот, тажен и мек
бранливи езера
Тополинската топка е по улиците –
Ништо добро по мое мнение
По водите, ливадите –
Тополинско расположение
Август, Цезар, доцна доаѓа,
Нè напушти така
Тага и невола не проаѓа
да нè измачува сака.
Август се стопи – нема знаци
нема дожд да лие
само сенки и краци
само болка се крие.
Тоа е дух без лице
нејасен и блед
бескраен, сенчест простор
сенчест сон на ред.
Сенка има на портата
со непробојна боја
Август, Цезар, Брате,
Каде си ти, убавино моја?

Прев. Марија Петровска