тука од утробата на китот
градот е блескаво јато
и
статуата на Друмонд е свртена со грб кон океанот –
(статуите се за луѓето а не за морето)
одгледувај риба однатре
за да ја јадеш еден ден
чекајќи една жена да изнедри од прецизноста на еден труп
еден ден сме среќни во нашата градина со китови
и таа тивко чекори покрај мене
сонувајќи за најтажната недела во светот во едно предградие на другата страна
еден ден стануваме средовечни и пиеме поради недостиг на избор
и жеравот на пристаништето ќе биде смачкан како мртов инсект
низводно по илјадниците тесни пукнатини
морето е во сликата на луѓето не во сништата на статуите