АХ што не сум
животно или дух!
Пишувам со прободен дух, со задушена глава и
раскинати гради.
Врескам
животно или дух,
би сакала да :ме слушнат
немам повеќе малечки.
Ах што не сум, велам,
животно или дух!
Духот и телото прободени под :моите хартии.
Пишувам, плачам, се смеам,
со искината постава.
Пишувам со задушена глава
кадеодиш,велам,кадеодиш?
Сакам да :ме слушнат,
вреска волчицата,
немам повеќе малечки!
изваgок oд .Кучешки јазик• (Алберiiiин 2011)
Превод: Надица Николоска