Кога во провинција ќе заболат тополите,
И светлоста згаснала и врата се отворила
Јас ќе живеам крај проводниците во полето,
И крај ластовиците со накршени крила,
Јас ќе живеам во провинција, кога е март,
Каде во цапалки веќе е накршен мразот
И леко подѕунува, но и доколку ѕуни тој
Му втори само облачето над пазарот,
Каде спијат чуварките и врапците рој,
И небаре молба старите стихови мои
Во истата стара куќа се разгласуваат,
Каде кон тапетите се прилепени гулабите,
Јас ќе живеам додека не окопнат снеговите,
Додека тивко не ги докажат стиховите,
Додека живеат и плачат на сон
Изморените, и крупните чуварки,
Додека на проводниците се фаќа мраз,
Додека другарите живеат, а ја нема љубената,
Додека во мартовските градини вчас
Потајум не се топи таа слана непроменета,
Додека жилките на слепоочниците тракаат,
Додека небото не се срамни со земјата.
Додека тагата со подадената рака
Не ќе ја подариш – rрош ми е цената,
Јас ќе живеам додека земјата живее,
Каде изгаснала светлоста и врата се отворила,
Кога во провинција болуваат тополите
и ластовиците со накршени крила.
1964
Пpeпев oд руски: Чедо Цветановски