Во јулска ноќ тебе те спомнав пак,
Што утеха недолга ми зрачеше,
Во заоблачје на тагата, во плен доброто
Ти поинакви цутови ми дареше.
Туѓа во сите оrледала земни,
Што твоите одрази ги извиткуваат,
Ти одново долета на крила прелесни
Небаре најблиска на јасновидките.
Зошто те викав тогаш во самотијата,
Кога кшrnежот на мигот му рои осила –
Ко двојни сенки минеме по месечината,
А дождот од ѕвезди да го згаси нема сила.
Како бисерот чмае без топлина да сети,
Запаленото тело нема само да згасне,
Се подалеку е времето, што отсега лета,
А споменот врие од слики се појасни.
И небото со виденија се полни самото,
Налик станува на ѕунеж априлски, –
Што ако тонеш во мрак, го везеш писмото –
Некаде таму – накај Вермеер Делфијски.
1977
Препев од руски: Чедо Цветановски