Од каде музиката пак да се огласи?
Оттаму, од каде и секогаш
Таа умее наеднаш да се разгласи –
Не често, туку така, понекогаш.
Од каде таа да надојде, објасни?
Не треба, јас знам, ете таа пак
Е на морската шир ко пламења огнени
И на котвите таа е двојствен знак.
И кој ќе ми поткаже, од каде плива,
Таласкајќи ги едрата со јачина,
На светло и мрак, оркестар или флота
Ја прославува прошталната убавина.
Не треба кажувачки,- ми се знајни
Нештата, што на други не се дадени.И
одново со нејните маѓоснички тајни
И речта моја и судбината се вдадени.
Со неа сме споени – и еве пливаме,
Mety почвата и сферата небесна,
Воздухот го дишам што дава живот,
Во кој засега не сум исчезнал.
Ветрот го голтам со мирис на таги,
И опул устремувам кон луната,-
И одеднаш кон мене сите лаги
Ќе се подигнат од морската шир.
И сите воскреснати во солга смртна
Од кајутите нагоре ќе излезат,
И простум во име на душата бесмртна
Безмrошна песна ќе запеат.
Таа песната расте и в гради се врива,
Со смисла преполна и значења, –
И ете се пројавува суштината жива
На звуците на сите времиња.
Препев од руски: Чедо Цветановски