Во време кога сè има премногу и сè премалку, кога борбите со копја
Не завршиле, иако мислите, не предметите, се најзастрашувачки,
Ние сме позагадени и од водите, здивот, месото.
Постои иронија, реципроцитет на космичка поставеност, моето око се врти
Како врв од игла, се движам по дијагонали.
Го чекам дождот, го чекам твојот глас индикатор, сонувам за пупките на памукот.
Во време кога Исус е продажен и рекламен продукт, поза на крстот,
Ги разгледувам можностите за игра. Заборавам дека има толпи кои
Не знаат дека привидот на крв е посилен и од самата крв. Во време на поени,
Постојано собирање, множење, на зборовите им се симнува значењата со
Таква леснотија, небаре рушат куќи, домови и кревка самосвест.
Во ера на сѐ поголеми алергии, начини за помош, права и истовремени
Кршења. Во ера на молскавични поврзувања, кои ја сечат физичката оддалеченост,
Кои ја намалуваат вредноста на зближувањето, девојките и момчињата се стеснуваат
во билки,
Сиромашните дуваат балони, кондоми и усни; во ера на бегање
Кон други планети, кога инстант вечниот живот е на секоја полица,
Гледам во тебе; чекам, освен бојата на твоите очи
Да се смени и аголот; за со мене да се сретнеш во непробоен простор.
Во ера кога интимата има статус на загрозен вид, те поканувам кај мене,
Во бела ноќ, во брашното на денот, во сон или мит кој не оксидира, М***,
Во врска што не се сече со пресечена папочна врска. Во наша оска.
Превод: Дарко Спасов