само овие ѕидови се твои ѕидови. се заменуваат тимовите, звуците се менуваат;
девојките се подмладуваат. само зад овие решетки твоето тело се открива —
нема друг
подиум за танц.
ги гледаш сите — твоите и предрските;
се мрестат и дланките лизгаат, дишеш а темното сонце над нас се врти, се
електризираш
и нема потреба да е поинаку, на оваа територија ти дишеш пурпурно, никој не
може да фрли
железо околу овие мазни вратови, ноќ е и ден е, кога ние сме, пишуваме, кога
танцуваме,
пишуваме и звуците ги нишаат колковите.
а ти само можеш да го избришеш кокосовиот прав од моите усни.
на овие ѕидови се навалуваш со подвиткана нога. на овие сводови
се навалуваш со голи дланки. има девојки,
и малку момчиња, малку девојки. ноќите како калинки ги измиваш со чаши
вода
и тука е твоето засолниште: иако тоне и
под овие сводови се издигаш:
тука се твоите бакнежи,
во овие ѕидови – зашто само овие ѕидови
се твои ѕидови.
Превод: Дарко Спасов