Дар Ома
заедно ги врвиме патиштата
на западот од Ирска
атлански мисли ни ги сушат стапките

од реката
нè погледнува видра
како да сме луѓе

Уживаш во мирисот на запалените бусени
искадени овчи черепи

облаците позајмиле форми
од избледени галски ракописи

вадам заборавени фуксии
исплеткани во твојата коса

од некој паб се разнесува музика
зашеметени лимени свирчиња

една чавка чудно слегува
на растурена сламена покривка

ја стегам твојата невидлива рака