Помеѓу овие гробови,
на Камен Бријаг*,
Би сакала мојата куќа да биде изградена-во бело
Пристаниште – засолниште во кое
ќе се затскријам со мојте поразени флоти,
сон кај што ќе се враќам секоја ноќ.
Бидејќи сите капетани на морето,
Да, сите капетани,
ќе ги претворат едрата
во солени кошули.
И ти покрај мене
ќе бидеш единствениот што останал, така
како антички патник,
во ветени земји
што може да влезе во куќата .
Диви грмови капини –
безгрижни циганки,
ќе созреат во септември токму покрај мојата врата.
И ќе водат љубов –
без оглед на сета смрт наоколу – штурчиња!
Ќе оплакуваат со љубов додека ридот отспротива
не се претвори во могила .
Осамено крило –
на морски галеб или повторно роден Тракиец,
ќе одлета од разјапената уста
на блискиот гроб.
Морето ќе се вклопи на екранот
од ова безгласно кино, потполно тивко сега.
Но само јас и ти се појавивме
на пробното снимање– и никогаш повеќе.
Ненадеен блесок– се случува.
Ќе ги покриеме очите со раце,
бидејќи толку брзо
филмот ќе се одмота во галоп:
коњи, Тракијци,
на Камен Бријаг, љубов, омраза, ние ,
и Господ–операторот
на ова големо глобално кино,
ќе ја земе Неговата паричка.

И потоа … Ќе нема “потоа”.
И ќе нема куќа на Камен Бријаг.
Но сепак плимата, плимата е вистинска, и тоа е предупредување!
Па затоа, мој капетане, бакни ме за на век
под ова небо толку широко,
бидејќи јас сум навистина уплашена,
дека Ное би можел да не заборави на неговата мисија!

* Камен Бријаг –буквално Карпа или Камен Брег е живописна локација на бугарскиот северен брег на Црното Море, познато по тоа што било место на антички засолништа и живеалишта помеѓу неговите високи ридови.