Нова средба – и сета
болка

што сигурно
ќе следи. И покрај тоа

среќни сме заради неа, повлекувајќи
ги сите

кваки, лостови и рачки
на блаженство, една главна премија

по друга!
Додека паричките бликнуваат

така брзо
и во толкав број што не можеме

да ги собереме – не гледај на тоа,
не гледај.

А нивното искористување,
таму

почнува вистинската
работа.