Растат заобиколници и кривини
и ноќни прашања
Дури кога летото е тука можеш да вдишеш
од неговите полјани што се прелеваат
од водите што се оддалечуваат
Градот и зградите rи бришеш од мислите
заптицитенавлажнитеrранки
за испакнатите сенки
на автопатите
и долгите платформи над водата
Ќе те одведат под езерската површина
(со рибата имаш идентичен поглед
на светот)
Наострените прашања остануваат да висат
како касапски куки
Препев: Славица Гаџова