ниту јас живеам
ниту сум умрел
го учам јазикот на тревата
за да можам да протестирам
би требало да умрам двапати дури и ако смртта
беше изгасена со мене –
да бидам роднина на смртта е мој постојан сон
сеуште е рано љубов моја
во овој свет
што се распна себеси за тоа