Благо сонување со отворени очи затропа
Како блесок од грмотевица,
Како гулабица
Како „прозорец“ на моето сеќавање,
Во клунот на птицата, шишарка, полна спомени.

Мракот исчезна
Насекаде бев топла
Едноставно бев сама
Треперев
Болката
Имаше очи на гулабица
Колку беше бела!колку бели крилја!

Го отвори прозорецот со клунот,
И…влезе ти,
Гледајќи ме многу алчно,
Те зграпчував,
Те бакнував,
…но ти…остана,
Неподвижен

Сините очи ме погледнаа,
Уште еднаш,
Болно,
И ти одлета,
Кон рајот,
Очајно молев,
„Не ме оставај! Остани уште! Твој мил роб сум!“