Те молам, капни ми капка од жолт лимон
на сувиве усни.
Или, дај ми црвен афион
и остави ме да го бакнам и да умрам без болка.

Големи снегулки се трупаат надвор.
Високи се како мојот гроб.
Те молам срце мое спиј, спиј…

Белите крилја на чудни гулабици
се закопани во снегот
во своите сопствени гнезда.
Се прашувам кај брза судбината?
Чистокрвни коњи парадираат
по сините океани?
Сите разделби и умирачки ќе останат под снегот
Но одеднаш некоја јаглика ќе ѕирне под него
И ќе ме натера да заборавам сè.
Последната молитва ми излета од устава.
Мила моја, не плаши се…
Овојпат се откажав од разлделби и умирачки.