Поемите
Не се пишуваат,
Поемите
Се случуваат.
Поеми имало уште
Пред да има
Поети.
Поемите
Се изгребани
Парчиња од прозорец.
Поемите
Се компонираат
И затоа ама во никој случај
Не смеат да изгорат.
Поемите
Се отворени нон-стоп
( дури и херметичките).
На поемите
Од туѓина
Не им треба
Дозвола за престој.
Доволен е само добар преведувач.
Никој не смее
Да биде принуден
Да чита или дури да
Пишува поема.
Поемите
Не гарантираат за
Својот автор.
Поемите
Не читаат поеми.
Поемите можат
Во секое време
Да се трампаат со
Други поеми.
Превод: Зоран Радически