Сестра ми, сестра ми
Каде е сестра ми?
Залудно барам.
Не ја гледам.
Одненадеж, како куршум, како експлозија.
Нејзиниот поглед полн ужас.
Нејзината бела кожа и нејзината младост.
Начинот на кој сама танцува и пее.
Косата што тече на сонце.
С¡ бледнее.
Нејзините осумнаесет години во еден миг како блесок.
Како шмајзер што пука во моето сеќавање.
Напати патот ме води да
шверцувам виски.
Ненадеен праскот.
Куршум в зора.
Извик на ужас.