Ние сме планети. Некои од нас траат. Други, пак
се топат, или излетуваат од патот, како капачиња. Јас
сум еден од нив. Оваа песна што ја пишувам е мојата
најнова нестварна месечина, своевиден сателит чија
необична привлечност прави расположенијата да се
креваат и спуштаат како бранови, нестварни плими.

Вистината е дека крај дрвените пристаништа
дури и рибарите се богови. Во секоја една
пластична кофа, принесувања кон месечината.
Секоја јадица е надеж или молитва; секое
фрлање – рака околу рамото на некојси
плачлив странец. И јас сум еден од нив.

Секавицата е вид песна, мелодија
испеана од облаци кои се тријат.
И јас сум една од нив. Чевли на калдрма,
зборови на ветрот. Замоли некого
ако може да оди бавно. Којзнае,
можеби ќе ти рече само збогум.

Ние сме нестварности во очите на другиот.
Тоа е во ред. Ќе најдеш цвеќе во
смогот; веќе можам да наслушнам мали
бели дрвја. Раце се задржале на нас.
Ти си тип на човек кој гледа само
една месечина. И јас сум еден од нив.