Се слушаа до кујната, дури зборуваа ко
да се случило нешто важно.
Ги миев крушите во ладна вода, ги сечев
расипаните делови.
Од моето место крај мијалникот, се чу
млазен авион кој матно пробрчи над нас, вклучување на
правосмукалка в комшии, клик,
клик на фотоапарат.
„Мари, остави го апаратот.“
Му имаше мекост гласот
ама без нежност, без брзање.
Се слушаа тивки звуци
како кога ореви паѓаат на улица фрлени од некоја чавка,
тивок звук на
воздушни ѕвончиња од некаде на тремот —
Полуотворени прозорци насекаде околу мене —
Кожава моја оживеана со звукот.
Превод: Горјан Костовски