За сите оние кои чувствуваат дека немаат контрола

Би сакала да сум му ученичка на Икар.
Би било прекрасно да се прослават
свадбите на Калист и Мелибеја.
Би сакала да бидам
Анатолијка пред кралицата Нефертари
да бидам младиот Вертер во Рио де Жанеиро
импресивната севилјанска дама
за која Дон Хосе ја отфрли Кармен.
Би сакала да бидам овоштарникот на поетот
со неговото зелено дрво и белиот бунар
да бидам даночниот инспектор
со кој разговараше Мајаковски.
Би сакала да те љубев. Ти се колнам.
Само што многупати не е доволна волјата.
Превод: Марија Петровска