Се раѓаме со гест на едноставност
за инает на преостанатата гравитација
што сè уште доминира.
Ни малку не верувам во сето тоа.
Причините зошто некои
не се отфрлаат додека уште има време
Причините зошто Убавината
Никогаш не избледува наспроти умот.
Загриженост заради некои факти
истурени над скршениот филџан на Мајка.
Најдобрата ракотворба што ја сакаш
(е) филигранска баричка од амнионска течност
која преминува со брза санка.
Зимите кои никогаш нема да бидат како што очекуваме.
Зимите кои носат само импотенција.
Освен, се разбира, ако не сториш нешто за тоа.