Изедов ангел
Кој стоеше до мијалникот
Го кренав со една рака
Одземи како авион во воздух
Голтнав издигнување в тело.
Крилјата, кои влегоа последни,
Уште ми чкрипеа низ забиве кога се запре
Во кружниот простор во мене, ширејќи се
Врз ништото.
Баш тоа ми недостигаше.
Некој кој ќе трепети длабоко внатре
Дури отчукувам
И го одработувам своето
Да бидам
Оној што чека ќе успее
Во меѓувреме, единствената работа позната за мене
Е дека дишам
Превод: Горјан Костовски