Не сум сакала да биде есен пак тука
седиме и градината кимнува во потај
беглото време запре и отаде не пренесе така
требаше уште да се остане шeIDie добро е
кимнува и бозелот ниско во сонцето
гледаш стануваш па слегуваm кроце
на пристанишното скеле таму кревети
за починка а светилките уrаснати
есен е и пшmадне треба да се побрза
а чанrата некаде сум ја затурила
непrrо и без тоа ќе заборавиме некогаш
топол е ѕидот гори во есенското сонце тој наш
ден украден како неодамна нашето тело
Не сакав да биде есен пак тука
подобро да се истрга една долга нишка
триесет и три годишна сум а што треба
да правиме велиш треба да се истргне
но до кога ќе ме сакаш и стареам така
како градината на парчиња несетно
само не сега додека главата ми почива
во прегработ твој трската се ведне и никогаш
не го разбирам на дело времето кога
менува боја листот и твоите очи некогаш
се црни а некогаш кога љубовта го покажува
вистинското лице со темнозелен бран
ме фрла на брегот и пак ме залажува
Не сум сакала да биде есен пак тука
нека зрее плодот со киселкав вкус потоа
ќе сврти патот но сега дрвјата го опсипуваат
многу долга е оваа зима за да се замине
нека не не стигне подобро земи ме со себе
па ако треба да не стигне нека не стигне
нека заврши она што ни кимнува и задржува
најпосле и сега да не зависи од нас свесно
да не одмине писмо маѓија да не падне лесно
од нас она што не држи – пак нема да најде
пат за да може да тргне на пат но да чекори
како твоите нозе врз површината на водата
Препев од унгарски: Паскал Гилевски