меѓу нас има тесна патека
од каде тргнува нејзината желба
на крајот завршува во мојата душа
јас мрак сум
поделен во бои
гласот мој почвата ја покрива
кога ќе згазне во моето срце со босите нозе
трагите и пепелта ја горат
меѓу нас има неистрошен јазик
кога шепоти,
звездите крварат врз моите усни
Јас прекален патник сум
телото ми е оставено во вода
кога го зема пискотот од реката
се шири бојата на молкот