И нежноста, светлина како вода и брашно,
и зборот, едвај зачнат на усните!
— Пабло Неруда

Те видов на бесконечната граница на амбисот
со рацете преполни тага и сива тежина што ги кине
здрвените цветови… Капка по капка твоето небо ја распадна полноќта
и ненадејниот и бавен дожд ги отвори лузните и ги преобрази иглите
што
ти го обележаа времето во мечови. Да беше лето, одеднаш
погледот ќе ти беше есен а ти ќе заминеше влечејќи го гласот на сувите лисја.

Од височината, соѕвездија од дамки, авении од ѕвезди,
можеби светат над урнатините…

Без да знам, твојата болка ме повреди
и врискав со тишината на немоќта!!

Зашто не можам да те видам направен од сенки
зашто сакам да го искорнам мракот од тебе,
и да ти помогнам, можеби не знам како,
да бидам твој балсам, твојата оаза, што и да посакаш…

Ми ја носиш душава во меурче,
ете ти ја,
а моиве отворени раце ти го даваат
најдоброто од мојата суштина!

Како што веќе реков: знам дека можеш!
Не се гуши! Не се препуштај!
Бори се со голи раце!

Една тивка жена која не ти ја сака сенката
ноќе, кога тишината вибрира,
ноќе, се моли за тебе!