А ти рече дека границите
ми се смалиле дека очиве што ми биле отворени
ролетните им чкрипат а погледите им се
затворени зад стакло.
И со потсмев рече дека јазикот ми стигнал
да лиже нечистотија.
А јас станав и ги свиткав четирите ќошеви на Земјата
за да ги ставам под глава, оти ако веќе не можам
земјата да ја одам
бар ќе лежам* со неа.
И ноќни писма ќе се издиrаат од мене
и ќе извишуваат ко ангели
од здивеното ми тело
и никогаш веќе нема да ми речеш
нешто
што не би истрпила да го слушнам.
Пpeвод: Горјан Костовски