Кога одново би се родил
и би можел да избирам, не би го избрал
овој јазик, ни ова занимање

Ни овој знак на вера, ни оваа вера
без надеж. Не би прифатил
Убијци да ме учат на правдина

Не би го избрал ова време
ни оваа земја во која утеха
нема. Ни овие браќа кои ме

продадоа. Ни овој народ што
Своите синови му ги принесува на телето
од злато. Би го фрлил своето

Име. Единствено повторно
Би те избрал тебе, која во секој
ден илјада пати те допирам

со поглед од посветеност и сјај

Превод од босански јазик Игор Исаковски