Помеѓу зградите
дрвјето се наведнува
за говорот на
земјата и црвјето
оставајќи сјајни жаргони од стакло и челик
шуми исполегнати наземи
за да отскокне
секој збор секој збор
што го изустуваш
Со долгиот
одек од твоите чекори по калта.
истовремено се распаѓа и `рти
овој лавиринт од улици и плоштади
си ги пушта корењето
вознемирувајќи го тлото
со секоја нова флексија, ново
уривање: најпрво дрвјето, па дрвените
куќи, цигли, распуканиот бетон.
Глеј,
сега може да се види во рушевините како
зградите се држеле па попуштиле
низ твоите коски, урнатини, земјени ѕидови,
овој јазол од бескорисни цевки.