Меѓу нас регион на допир и молк
Љубовен клинч треба самотија за да бидеш
Толку интимен со машина ох, смеј се, смеј
И сети се на првата шарлатанска насмевка пред
Да го допреш совршенството да си ги видиш чкртките
Трансформирани смарагд на течен кристал
Првично опипување тогаш светот куртули
Тоа е сржта на љубовта но едниот или другиот
Секогаш се заморува знаев за тоа веќе со месеци
Чудни дефекти не се палеше толку лесно
Беше празен повремено светло што се губи
Требаше да знам дека ќе изгубам многу
Дијагностицираа губење на меморија си фатил
Вирус или можеби била климата со години
Моите зборови се колебаа во тебе се збркаа
Но сега се врати исчистен полошо е
Како кога си со нов маж истата рутина
без страст CNTRL/ALT/DEL веќе не е доволно.